Жерар Деулофеу од пенал го постигна третиот гол за Шпанија на вечерашниот натпревар, вкупно 17. погодок за овој фудбалер во младинскиот состав на „црвената фурија“, со што стана најдобар стрелец во историјата на У21 репрезентацијата на Шпанија.
По мечот Деулофеу се сретна со Давид Бабунски, својот добар пријател од времето кога двајцата беа дел од Б тимот на Барселона, по што пред македонските новинари даде и краток осврт на натпреварот.
„Бевме подобри и заслужено победивме. Сепак, разликата на теренот не беше толкава за да славиме со пет гола разлика. Како и да е, одиме понатаму, вистинските предизвици за нас допрва претстојат“ – истакна Деулофеу пред напуштањето на микс-зоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА