Девет фудбалери на ПСЖ номинирани за „Златната топка“

Списанието „Франс фудбал“ денес ја објави листата од 30 фудбалери номинирани за Златната топка (Ballon d’Or), која се доделува на најдобриот играч во светот.

На списокот, кој беше објавен на социјалната мрежа Икс, се наоѓаат девет фудбалери на Пари Сен Жермен: Усман Дембеле, Витињо, Џанлуиџи Донарума, Нуно Мендеш, Дезире Дуе, Хвица Кваракели, Ашраф Хакими, Жоао Невес и Фабијан Руиз.

Фудбалерите на ПСЖ ја освоија Лигата на шампионите минатата сезона, откако во финалето го победија Интер со 5:0.

Ова се сите фудбалери кои се номинирани за оваа награда.

Се вчитува...