Девет години затвор за Робињо!

Поранешната бразилска ѕвезда Робињo ќе мора да отслужи девет години казна затвор. Тој беше осуден поради обвинение за групно силување, а доцна синоќа Апелациониот суд во Милано ја потврди пресудата.

Случајот датира од 2013 година откако тој силувал 23-годишна девојка во Милано. Судот висината на казната ја образложи со зборовите дека тој буквално ја понижил жртвата.

Робињо вечерта бил во друштво на пријатели во еден ноќен клуб во кој 23-годишната девојка славела роденден. Робињо за силување беше обвинет и во 2009 година кога како фудбалер на Манчестер Сити наводно во Лидс нападнал девојка.

Се вчитува...