Унин Берлин реши да ја прекине соработката со Бо Свенсон, откако овој тим падна во голема резултатска криза и повеќе од два месеца не знаеше за победа. Берлинскиот бундслигаш е без триумф на последните девет одиграни натпревари, откако го совлада Холштен Кил во октомври во рамките од Купот на Германија.
Во последното коло од оваа календарска година тимот на Унион загуби со 4-1 на гостувањето против Вердер, што беше знак за аларм, па последниот состанок на управата донесе и одлука за отказ за Свнсон.
„Убедени сме дека е неопходна промена за да се вратиме на победнички патеки. Затоа, ја прекинавме соработката со Свенсон и со неговиот стручен штаб“, изјави спортскиот директор Хорст Хелт, додавајќи дека името на новиот тренер ќе биде обелоденето до крајот на оваа календарска година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА