Задар во третото коло стигна до првата победа во АБА-лигата сезонава, откако хрватскиот првак многу полесно од очекувањата славеше над Морнар со 92-57.
Цврстата одбрана беше заштитен знак за тимот на нашиот Адем Мекиќ, Задар доминираше од самиот почеток, стигнувајќи до двоцифрена предност во раната фаза од натпреварот што хрватскиот состав потоа ја зголемуваше до самиот крај. Морнар има значително ослабен состав во однос на претходните сезони, а трите порази на стартот со вкупно „минус 93“ кош-разлика е јасен знак дека овој црногорски состав е меѓу главните кандидати за испаѓање.
Адем Мекиќ одигра 16 минути на овој натпревар и одлично ја искористи шансата, реализираше девет поени со одличен шут (1/2 за три, 3/3 за два поени), надополнети со два скока и три асистенции. Најдобар поединец и на овој дуел беше Лука Божиќ од Задар со 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА