Апсолутно се на вчерашниот прв натпревар на Македонија против Лихтенштајн во квалификациите за пласман на СП 2026 беше во знакот на трагедијата во Кочани која ја потресе Македонија.
Со мислите и молитвите кон семејствата на сите настрадани во ужасната трагедија, вчера од страна на македонските навивачи во Вадуц беше покрената и акција за собирање средства наменети за семејствата на настраданите и повредените во Кочани.
Дивна, Евгенија и Александра се трите девојчињата од Струмица кои на вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Лихтенштајн покажаа голема хуманост.
Од страна на повеќе од 1.000 македонски фанови присутни на „Рајнпарк“ во Вадуц собрани се средства кои ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во Кочани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА