Жером Боатенг од Баерн ги прекина врските со Каси Ленгард пред околу десетина дена, а седум дена подоцна 25-годишната девојка си го одзеде животот. Германецот веднаш се врати дома од Катар, каде Баерн го освои Светското клупско првенство. Детали за трагедијата сè уште не се познати. Боатенг претходно изјави дека Касија се заканила дека ќе го уништи.
На оваа тема, сега се огласи и Мелиса Хау. Таа е модел на „Плејбој“ и тврди дека имала афера со Боатенг додека тој бил верен со Каси.
„Не сум изненадена што заврши вака и што таа се самоуби затоа што момци како Жером прават ментален хаос за девојчињата затоа што сакаат да си играат со другите емоции и чувства. Бев шокирана кога слушнав, но подоцна сфатив сè. Боатенг сакаше игри со неа и тоа е она што се случува на крајот кога ќе ги изиграш чувствата на некого. Го запознав фудбалерот во Лондон и тој веднаш ме малтретираше на социјалните мрежи. Тој ме замоли да одам на забава со него и јас се согласив. Тој сакаше да одам со него во Германија, но јас одбив. Излеговме неколку пати, но јас никогаш не спиев со него. Мислев дека сум единствената, а потоа на една корица видов дека е во врска и дека е верен. Ми испрати порака и се однесуваше како да не постои неговата вереница. Го прекинав секој контакт со него затоа што тоа е премногу драма за мене“, заклучи Мелиса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

