Деклан Рајс игра многу добро оваа сезона. Постигна три гола и две асистенции и полека, но сигурно ги оправдува 95. милиони евра што Арсенал за неговите услуги ги плати на Вест Хем. На играчот од средниот ред му цветаат рози и на приватен план.
Минатата година тој доби син со долгогодишната девојка Лорен Фрајер. Рајс и Фрајер се забавуваат уште од средно училиште, а таа секогаш го следи на натпреварите. Сепак, нивната приказна не е пријатна за секого. Фрајер се соочува со грди коментари за нејзиниот изглед на социјалните мрежи.
Анонимен корисник на Твитер, објави фотографии од парот со гаден коментар за изгледот на девојката на фудбалерот.
„Деклан Рајс е мултимилионер, атлетски граден, елитен фудбалер од 185 центиметри, но сепак се реши за дебела бела девојка. Јас повеќе не го разбирам овој свет“, гласеше објавата која подоцна беше избришана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

