Девојката на Роналдо заради љубовта остана без работа

Георгина Родригез, девојката на Роналдо со која се заедно неколку месеци, заради љубовта со фудбалската ѕвезда морала да ја напушти работата. За разлика од преходните девојки кои вообичаено беа познати манекенки, Георгина е „обична“ девојка која работеше како продавачка во „Прада“.

georgina_rodriguez_2 (1)

Но, работата морала да ја напушти токму поради Роналдо. Во продавницата во Мадрди на почеткот имале разбирање за нејзината врсак со ѕвзедата на Реал Мадрид, но кога купувачите почнале се повеќе да ја гледаат Георгина наместо моделите во продавницата, девојката немала друг избор туку морала да ја напушти работата.

ronaldo4

Извесно време Георгина Родригез потоа работела во продавница на „Гучи“, но, ни таму не останала долго. Новинарите постојано ја опседнувале, а некои глумеле купувачи за да се сликаат со неа и да се најдат во таблоидите.

PORTUGAL PEOPLE CRISTIANO RONALDO AIRPORT

Поради тоа девојката на крај се откажала и од таа работа за која платата и била 1.200 евра месечно. Георгина има и понуди да стане модел, но засега таа нема такви амбиции.

Девојката на Роналдо своевремено работела и во Англија како  дадилка.

Се вчитува...