Украинската манекенка Дарија Кирилјук брутално е претепана во Турција.
24-годишната девојка на турскиот фудбалер Баран Гунеш е претепана додека била заедно со него на една плажа во Турција, од страна на обезбедувањето.
Дарија, по тој инцидент, одлучи повеќе да не молчи поставувајќи ја фотографијата на Инстаграм за да се види во каква состојба се наоѓа.
„Не сакам да молчам, сакам да кажам што ми се случи мене, на мојот дечко и на нашите пријатели. Не нападнаа припадници од обезбедување на една плажа. Четири девојки, вклучувајќи ме и мене, не удираа по лице, а момците од групата се тешко повредени. Се е пријавено во полиција“ – пишува Дарија.
Управата на плажата, пак, тврди дека групата во која била манекенката меѓусебно се впуштила во физичка пресметка а припадниците на обезбедувањето се обиделе само да ги раздвојат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА