Девојките денеска во Охрид против Луксембург по втора победа во квалификациите за СП

Македонската женска репрезентација денеска од 13:30 часот на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид против селекцијата на Луксембург го игра четвртиот натпревар од Групата Д во квалификациите за СП.

Избраничките на Кирил Изов по убедливата победа на гостувањето против Летонија од 1-4, сега како сериозни фаворитки го очекуваат дуелот со Луксембург во желбата и за втор едноподруго триумф во групата.

Од македонскиот табор со сериозна доза на оптимизам го очекуваат денешниот дуел најавувајќи отворен атак по нови три бода.

Цената на билетите за денешниот натпревар е 100 денари и ќе се продаваат на билетарата на стадионот „Билијанини Извори“ во Охрид.

Се вчитува...