Девојките до 15 години со убедлива победа над Косово на УЕФА развојниот турнир во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија од денеска е домаќин на УЕФА развојниот турнир за девојки до 15 години, на кој покрај Македонија учествуваат и селекциите на Косово, Романија и Чешка.

На првиот натпреварувачки ден македонската селекција за девојки до 15 години го совлада Косово со 4-0. Стрелци за македонската репрезентација беа Теона Галабовска која ги постигна првите два гола и Настасја Настова која го зголеми водството на 3-0 и потоа на 4-0.

На вториот натпревар Чешка беше подобра од Романија, со идентичен резултат 4-0.

На списокот на селекторот Јовица Блажески за настап на овој турнир беа повикани следните фудбалерки:

Голмани: Ангела Блажева, Ања Петрушевска

Одбрана: Александра Ристевска, Јована Јованоска, Искра Смилевска, Мила Стојановска, Тамара Нешковска, Михаела Марковска

Среден ред: Теодора Настова, Канита Емини, Теона Галабовска, Ева Величковска, Мила Панева, Сара Атанасовска, Јована Петровска

Напад: Тајна Грозданоска, Меланија Грозданова, Андреа Коловска, Антонија Спиркоска

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА РАЗВОЈНИОТ ТУРНИР:

Македонија – Романија – 19.10.2022 г. (среда) – 12.00 часот / ФФМ Тренинг Центар

Косово – Чешка – 19.10.2022 г. (среда) – 12.00 часот / Стадион Маџари

Македонија – Чешка – 22.10.2022 г. (сабота) / ФФМ Тренинг Центар

Косово – Романија – 22.10.2022 г. (сабота) / Стадион Маџари

Влезот на стадионите е бесплатен.

Сите натпревари можете да ги проследите во живо на ТВ платформата на ФФМ: tv.ffm.mk

Се вчитува...