Македонската женска репрезентација за фудбалерки до 17 години доживеа и трет пораз во првата фаза од квалификациите за ЕП.
Во Групата 5, македонските кадетки загубија минимално со 0-1 од соодветната селекција на Хрватска. Противничките до победата дојдоа со голот на Круниќ во 63. минута од средбата.
Македонија, на крајот заврши како последнопласирана во групата заедно со репрезентациите на Финска, Италија и Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

