Девојките до 17 години подобри од Андора во квалификациите за ЕП

Кадетската женска репрезентација на Македонија за фудбалерки до 17 години триумфираше со 2-1 против Андора во вториот натпревар од Групата 3 во првата фаза од квалификациите за ЕП кои се играат во Унгарија.

Македонската селекција до победата дојде со пресврт откако Андорките први поведоа со голот на Бер во 33. минута.

Но, во второто полувреме, Накова во 55. минута и Попески во 65. минута погодија за победа на Македонија од 2-1.

Нашите девојки по две кола, со победа и реми, сега со 4 бода се втори на табелата зад Унгарија која е со шест бода на врвот. Македонија во првото коло ремизираше (1-1) со Литванија, а во последното коло игра со домаќинот Унгарија.

Во следната фаза од квалификациите продолжуваат првопласираните селекции од секоја од шесте групи, како и најдобрата второпласирана репрезентација.

Се вчитува...