Девојките до 17 години поразени и од Данска во квалификациите за ЕП

Македонската женска репрезентација за фудбалерки до 17 години загуби и во вториот натпревар во квалификациската група за пласман на ЕП 2025.

Македонските девојки, денеска во 2. коло во групата, загубија и од Данска со 3-0. Стрелци на головите за Данките беа Хојер во 3. и во 7. минута, и Томсон во 26. минута.

Претходно, во 1. коло Македонија загуби и од домаќинот Полска со 0-9. Во последното коло во квалификациската група македонскиот состав ќе игра со селекцијата на Шкотска.

Се вчитува...