Девојките на Барса го победија Реал Мадрид за титула во Суперкупот (ВИДЕО)

Женскиот тим на Барселона славеше во „Ел класико“ со 2-0 во финалето на шпанскиот Суперкуп и со тоа му зема уште еден трофеј сезонава на големиот ривал, откако и нивните машки колеги во истото натпреварување славеа против Реал Мадрид.

Водство од 1-0 за Каталонките донесе Бругтс во 27. минута. Конечните 2-0 ги постави Путељас од пенал во 94. минута. Ова е нов удар за Флорентино Перез сезонава кој се соочува со големи проблеми не само во машката, туку и во женската секција на клубот.

Се вчитува...