„Дежа-ви“: Катастрофално полувреме за ракометарките во Кишварда

Женската ракометна репрезентација на Македонија повторно има голема негатива на полувреме 24-12 против Украина во реваншот од бараж двомечот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.

И повторно како и минатите десет години нашите „најискуни“ ракометарки правеа почетнички грешки и им дозволуваа лесни голови на противничките.

Нашите девојки го почнаа натпреварот со гол уште во првиот напад на Моника Јанеска со кој поведовме со 0-1. По неколку минути гол за гол, Елена Ѓоргиевска погоди статива по која преку контра реализираше Левченко за прво водство на Украина 2-3 и исклучување за Јанеска.

Следеа голем број на технички грешки на нашите ракометарки по кои Украинките во седмата минута за првпат стигнаа и до плус три (7-4).

Нашите ракометарки заиграа подобро, но сепак пропуштивме голема шанса да се вратиме резултатски во мечот откако при два негатива (10-8) во 13. минута Сара Ристовска не успеа да искористи пенал, по што бевме казнети со два гола и по 15 минути игра имавме негатива од 12-8. Повторно имавме ракометар повеќе, но најискусните Ѓоргиевска и Ристовска повторно грешеа па украина стигна и до највисоки плус шест 14-8.

Нашата поентерска криза ја прекина Гакидова со гол од пенал со кој намаливме на 14-9. Следеа два нови погодоци на Украинките со кои на влезот на 20 минута поведоа и со плус седум 16-9.

До крајот на првото полувреме Украинките го полнеа голот на нашите ракометарки од секоја позиција и на пауза заминаа со голема предност од 24-12.

Единствена светла точка во нашиот тим беше Леонида Гичевска која постигна шест гола, додека кај Украинките Левченко има исто така шест погодоци.

Се вчитува...