Џабари Паркер сепак е блиску до заминување од Партизан

Џабари Паркер ќе остане запишан како најголемо промашување во трансфер-историјата на Партизан, а шампонот на АБА-лигата по се изгледа сепак ќе најде начин да се ослободи од крилниот играч, барем до крајот на сезонава.

Хувентуд е клубот што сериозно притискка да го доведе екс-кошаркарот на Барселона во своите редови. Иако вчера беше објавено дека шпанскиот клуб не се договорил со Паркер, последните информации говорат дека тимот од Бадалона ги интензивирал преговорите, се со цел во следните денови да го комплетира овој трансфер.

Хувентуд сака да го доведе Џабари пред настапот во Копа дел реј закажан за наредниот викенд, па се очекува преговорите да влезат во завршна фаза во текот на викендов. Шпанскиот клуб има само еден услов – да го доведе Паркер на позајмица, што значи дека нема да го преземе неговиот договор за наредната сезона.

Тренерот Пењароја воопшто не смета на Американецот, па Партизан е подготвен и на ваква опција, со која „црно-белите“ би заштедиле помалку од еден милион евра само на платата на Џабари, воедно и со негово влегување во ритам полесно би нашле купец за Паркер за нарената сезона, нешто што делува неверојатно во моментов.

Се вчитува...