Џајиќ официјално претседател на српскиот фудбал: „Немам магично стапче“

По повлекувањето на легендарниот Немања Видиќ од трката претседал на Фудбалскиот сојуз на Србија, беше јасно дека нов прв човек на српскиот фудбал ќе биде Драган Џајиќ. Џајиќ денеска беше официјализиран за нов прв човек на фудбалот, со 79 гласа од 85 присутни делегати. Тој немаше противкандидат.

Џајиќ наведе дека ќе се труди сојузот да стане важен дел од УЕФА, да има повеќе публика на стадионите и репрезентацијата да биде редовен учесник на големите натпреварувања.

„Ќе направам тим од луѓе кои ќе занимаваат со тоа да станеме важен дел од УЕФА. Ќе ја следиме модернизацијата на фудбалот која се случува и без која нема напредок. Секоја соработка со УЕФА и ФИФА ќе ни биде од корист. Немам магично стапче и никогаш не сум ветувал „кули и градови“. Не сум човек кој доаѓа на функција и ветува дека се ќе реши. Ќе работам онака како што најдобро знам, а времето ќе покаже како тоа ќе изгледа“, изјави Џајиќ.

Се вчитува...