Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака по синоќешната победа над Србија и пласман во осминафиналето на СП се појави во дресот со името Јашари кој покрена лавина реакции во Србија.
Србите веднаш најавија и протест до ФИФА за испраќање политички пораки од страна на Џака, со поддршка на водачот на ОВК, Адем Јашари.
Но, Џака го објасни дресот кој го носеше како би избегнал евентуални несакани санкции од ФИФА.
„Воопшто тоа не беше политички. Беше тоа дресот на мојот соиграч Ардон Јашари. Тој е млад играч со кого одлично се согласувам. Му реков и пред мечот дека ако победиме дека ќе го облечам неговиот дрес“ – истакна Џака.
Натпреварот меѓу Швајцарија и Србија мина со многу непотребни тензии поради провокациите од двете страни кои кулминираа со неспортската провокација токму од Џака кон клупата на Србија во второто полувреме, по што настана и инцидент на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА