Швајцарскиот интернационалец Гранит Џака ќе биде постојан капитен на Арсенал, одлучи тренерот на тимот од Лондон, Унаи Емери, откако и играчите на клубот гласаа за искусниот фудбалер.
Иако, тоа требаше да биде направено уште во текот на летото, од Арсенал сега избраа замена за Кошчелни кој поради несогласување замина во францускиот Бордо. Капитенската лента за Џака ќе биде и роденденски подарок бидејќи тој денеска полни 27 години. Како замени капитени се избрани, Александер Лаказет и Пјер Ерик Обамејанг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА