Џака ја откри вистинската причина за заминување од Арсенал

Грант Џака по седум години и 297 одиграни натпревари за Арсенал ги промени клупските бои и во новата сезона ќе настапува во Баер Леверкузен под водство на Чави Алонсо.

Како главна причина за заминување од Лондон се шпекулираше со незадоволството на неговата сопруга во Англија, но швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло сега ја откри вистинската причина.

„Гласините дека мојата сопруга повеќе не е среќна во Англија воопшто не е вистинита. Јас сум човек кој сака нови предизвици и по седум години дојде време да направам нешто потполно ново. Во разговор со тренерот и спортскиот директор заклучиваме дека Баер Леверкузен и нивниот проект се вистинското место за мене“, открива Џака.

Се вчитува...