Милан го чека завршувањето на клупскиот мундијал за да го официјализира доаѓањето на Лука Модриќ, а „росонерите“ во меѓувреме се приближија до комплетирање на уште еден значаен трансфер.
Гранит Џака би требал да биде големо засилување за средниот ред заедно со Модриќ откако швајцарскиот репрезентативец ја прифати понудата на италијанскиот гигнат. Тој имаше две одлични сезони во дресот на Баер Леверкузен, но по заминувањето на Чаби Алонсо и на клучните играчи како Вирц, Тах и Фримпонг, сега и Џака инсистира да му биде дозволено да ги смени клупските бои.
Швајцарецот ја прифатил понудата за тригодишен договор со Милан за плата од четири милиони евра по сезона, па сега за комплетирање на трансферот на 32-годишниот играч за врска потребно е само уште да се постигне договор меѓу клубовите.
Директорот на Милан, Игли Таре, во наредните денови ќе понуди 10 милиони евра за швајцарскиот интернационалец, а останува да се види дали тоа ќе биде доволно за Баер да даде зелено светло за заминување на еден од клучните фудбалери во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

