Џaка си заминува од Леверкузен и продолжува во Турција

Швајцарскиот репрезентативец и член на Баер Леверкузен, Гранит Џака би можел да го напушти германскиот првак и да се пресели во Турција.

Според информациите, играчот од средниот ред од идната сезона би можел да го носи дресот на Галатасарај, кој е сериозно заинтересиран за неговите услуги.

32-годишниот Џака во 2023 година од Арсенал се пресели во Леверкузен, и минатата сезона успеа да ја освои шампионската титула во Бундеслигата. Претходно беше дел и од Борусија Менхенглчадбах и Базел.

Неговиот договор со „фармацевтите“ истекува во 2028 година, но Галатасарај е подготвен да плати отштета.

Се вчитува...