Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери потврди дека капитенот Гранит Џака нема да биде дел од тимот за дуелот во Премиер-лигата против Вулверхемптон. Џака имаше големи проблеми минатата седмица, а сето тоа кулминираше во минатото коло кога беше заменет на мечот против Кристал Палас го фрли дресот, поради кој доби бројни свирежи од навивачите.
По инцидентот многу сметаат дека ерата на Швајцарецот на „Емирејтс“ е завршена, а тоа се чини дека го потврди и менаџерот на „топчиите“.
„Џака нема да игра против Вулверхемптон“, накратко изјави Емери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА