Џака: Сакав да си одам од Арсенал и порано затоа што фановите ме исвиркуваа

Новото засилување на Баер Леверкузен, Гранит Џака призна дека сакал да го напушти тимот на Арсенал уште во 2019 година, откако бил исвиркуван од фановите, и да се пресели во Херта Берлин. На крајот од мечот против Кристал Палас, тој бил решен никогаш повеќе да не го облече дресот на Арсенал.

Швајцарецот кажа дека му пречало многу што бил исвиркуван, но дека на крајот се премислил.

„Навистина ме заболе тоа што ме исвиркуваа и тогаш мислев дека нема никогаш да заиграм за Арсенал и за фановите кои се однесуваа така со мене без никаква причина. Кога дојдов од Борусија Менхенгладбах во 2013 година имав многу тежок период. Тогаш ми кажаа „Ако си одиш, засекогаш ќе си отидеш“. Веќе бе спакуван, и решен бев да си одам. Имав договор со Херта. Меѓутоа тогаш дојде Артета, и не знам како, но ме убеди да останам и за првпат донесов одлука без консултација со моите родители“, рече Џака.

Се вчитува...