Една од главните ѕвезди на Денвер Нагетс, Џамал Мареј доби максимален договор пред почетокот на следната сезона во НБА. Втората ѕвезда на тимот од Колорадо, зад Никола Јокиќ, договори продолжување на соработката една година пред истекот на актуелниот договор.
Канаѓанецот потпишал продолжување на уште четири години, за максимална плата од 209 милиони долари. Така, во следните пет години Мареј ќе заработи вкупно 244 милиони долари
Sources: Jamal Murray and the Nuggets have agreed on a four-year, $209 million maximum contract extension. Murray is now under contract for $245 million through 2029. https://t.co/UgHMiSqzPl
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА