Џамал Мареј сепак ќе биде подготвен за „мајсторката“ против Минесота

Одлични вести доаѓаат за Денвер Нагетс откако излезе информацијата дека Џамал ​​Мареј речиси сигурно ќе биде подготвен за „мајсторката“ против Минесота Тимбервулфс.

Канадскиот кошаркар се повреди за време на шестиот натпревар кој Тимбервулфс убедливо го добија со 115-70. Тој во дуел со Руди Гобер го повреди лактот и го одигра мечот со болки. Неговиот настап во мајсторката беше под знак прашалник, но тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун, откри дека Мареј ќе биде подготвен.

„Добро се чувствува, можеше да ги одработи сите вежби на тренинзите“, изјави Мелоун.

Ноќта меѓу недела и понеделник во два часот по полноќ ќе се одигра дуелот меѓу Денвер и Минесота кој ќе одлучи кој тим ќе се пласира во финалето на Западната конференција на НБА лигата.

Се вчитува...