Џан заврши за сезонава, неизвесен и за мундијалот

Емре Џан нема да настапува за Ливерпул до крајот на сезонава откако беше обелоденето дека неговата повреда на грбот е посериозна од првичните прогнози. Откако првичните третмани не вродија со плод, беше обелоденето дека Џан ќе мора да паузира уште најмалку шест седмици од терените, по што е јасно дека тој нема да му биде на располагање на Јирген Клоп до крајот на сезонава.

Германскиот репрезентативец сега стравува дека би можел да го пропушти и мундијалот во Русија, доколку периодот на рехабилитација биде дополнително продолженн. Селектор Лев смета сериозно на Џан, но доколку тој не биде максимално подготвен за настап кормиларот на националниот тим ќе ги разгледа останатите опции, кои ги има многу во германскиот табор.

Џан дефинитивно ја завршува својата авантура во Ливерпул, бидејќи договорот му истекува на крајот од сезонава и нема да ја продолжи соработката со „црвените“. Јувентус е во водство во трката по овој фудбалер, но за неговите услуги се интересираат и Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Се вчитува...