Џанан Муса би можел на крајот од сезоната да го напушти Реал Мадрид, откако доби огромна понуда за продолжување на кариерата во белградски Партизан.
24-годишниот кошаркар од БиХ има неверојатна понуда од Партизан од два милиони евра по сезона, и тригодишен договор. Муса во Реал има еден милион евра годишно, а мадридскиот клуб за следната сезона му понуди најмногу 1,5 милиони евра годишно.
„Муса се уште не одлучил. Понудата од Партизан е огромна и навистина го изненади, но лицата блиски до него истакнуваат дека му е приоритет да остане во Реал“ – пишуваат шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА