Џанан Муса повторно стана шампион на Шпанија со Реал Мадрид. Токму кога заврши финалната серија, Eurohoops го објави името на новиот клуб на кошаркарот од БиХ.
Тоа е, како што се очекуваше, Дубаи, со кој Муса потпиша тригодишен договор вреден 10 милиони евра. Се очекува Муса да биде предводник на новата Евролига со Дубаи, кој подготви навистина фантастичен тим за новата сезона и сигурно ќе атакува на пехарот.
Кошаркарот после серијата и титулата во Шпанија, потврди дека заминува од клубот.
„Ова е мојот последен натпревар за Реал Мадрид. Истовремено сум и тажен и среќен. Реал е моето семејство. Сакав да останам тука уште долго, но не можевме да се договориме околу нова соработка. Тажен сум, но секогаш ќе останам Мадридист“, рече Муса по мечот.
26-годишниот кошаркар ги помина последните три сезони во Реал Мадрид. Ја освои Евролигата, две шампионски титули, Купот на Шпанија и два Суперкупа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

