Џанан Муса – МВП на месец јануари во Евролигата

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса е прогласен за најкорисен играч на месец јануари во Евролигата. Кошаркарот на Реал Мадрид во првиот месец од годината со неверојатни бројки го предводеше својот тим до пет победи.

Поранешниот кошаркар на Цедевита, Бруклин Нетс и Бреогран забележа просек од 19.9 поени по натпревар при резализација од 73.8 отсто за два, 41.7 отсто за три и 86.5 отсто од линијата за слободни фрлања за своето прво МВП признание во најсилното европско кошаркарско првенство.

Со 24 години Муса е најмладиот најкорисен играч на месецот по Лука Дончиќ кој исто така го доби ова признание носејќи го дресот на Реал Мадрид.

Се вчитува...