Легендарниот италијански фудбалер Џанфранко Ѕола би можел да се врати на „Стемфорд бриџ“ како технички директор. Тој во минатото беше од најистакнатите фудбалери на Челси, а од навивачите на клубот доби и признание „најдобар играч во историјата“. Сега е на прагот да се врати во клубот на голема врата, на местото на Мајкл Еменало.
Според медиумите на Островот, Ѕола е виден како одлично решение за приближување на ставовите меѓу менаџерот Антонио Конте и извршниот директор Марина Грановскаја, која всушност е десната рака на газдата Роман Абрамович во редовите на Челси.
Последното работно место на Џанфранко Ѕола беше како менаџер на Бирмингем, но доби отказ во април минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА