Македонија ЃП експресно го реши тренерското прашање, откако за помалку од 24 часа по разделбата од Горан Симов беше договорен неговиот наследник на чело на „лавовите“.
Станува збор за Тони Џангаровски, кој ја прифати понудата да седне на клупата на прволигашот од Ѓорче Петров. Прв асистент на новиот тренер ќе биде Боби Божиновски.
„Без размислување го прифаќам предизвикот бидејќи верувам во успех со оваа екипа. Веќе на следниот натпревар ќе покажеме дека Македонија ЃП е победничка екипа“, изјави Џангаровски по потписот на договорот со Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

