Актуелниот освојувач на Националниот куп, Македонија Ѓорче Петров се пласираше во четвртфиналето на ова натпреварување откако славеше против Вардар со 0-1.
Тренерот на „лавовите“ Тони Џангаровски кој што го имаше своето деби по мечот изјави дека неговите играчи на овој меч покажале дека можат многу.
„Најпрво сакам да им честитам на моите играчи за дисциплината што ја покажаа во играта, имаа целосна контрола сите 90 минути. Честитки за борбата и играта на ваков тежок терен, покажаа дека можат многу повеќе, и нормално честитки за Алтин Алији кој постигна гол со првиот допир на натпреваро, одличен играч со одличен сенс за гол. Секако и да не ги заборавиме и мојот стручен штаб, честитките и за нив“, изјави Џангаровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА