ЏАНИ АЛИОСКИ: Среќен сум што успеав да ја компензирам со гол онаа 100% шанса од првото полувреме

Херојот на Македонија во ремито (1-1) со големата Белгија, Езѓан Џани Алиоски очекувано беше пресреќен по постигнатиот гол во финишот на средбата.

Но, како што истакна веднаш по мечот, пререќен е пред се што Македонија на секој натпревар изминативе две години го покажува тимот во себе, единството и квалитетот на терен…

„Нормално дека сум пресреќен за постигнатиот гол, затоа што некако како да го компензирав оној дирек погоден во првото полувреме. Мило ми е што успеав да го надоместам тоа промашување, но пред се најмило ми е што успеавме да дојде до бод против една Белгија. Покажавме дека можеме да се надигруваме со секоја селекција, иако останува малку и жал затоа што мислам дека заслуживме и победа“ – ни изјави Алиоски по ремито со Белгијците.

Се вчитува...