Пирова победа за македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и неговиот Лугано на гостувањето против словенечки Целје во 3. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Лугано славеше со 2-4, но по победата од 5-0 на Целје на првиот натпревар во Швајцарија, Словенците продолжуваат во плеј-оф рундата.
Алиоски беше стрелец на четвртиот погодок за Лугано во денешната победа од 2-4. Македонскиот фудбалер погоди од пенал во 85. минута од средбата.
Крај на натпреварувањето во Лигата на Европа и за косовска Дрита на чие чело е Зекирија Рамадан, а во чиј состав се и Егзон Бејтулаи и Блерон Шеји. Дрита вечерва загуби на домашен терен од романска ФЦСБ со 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

