Фенербахче славеше со 1-0 против Башакшехир во дерби натпреварот од 11. коло во турсата Суперлига.
Иако домаќините беа подобар противник го имаа поседот на топката, но и створија повеќе дури во финишот успеаја да стигнат до трите бода на овој меч. Клучниот момент се случи во 84. минута кога Роси го постигна погодокот вреден три бода.
Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски не доби шанса на овој меч кој го помина на клупата за резерви.
Со оваа победа Фенербахче изби на првата позиција на првенствената табела со 23 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА