Џани останува без клупскиот колега – го сака Реал Мадрид

Карло Анчелоти го превзема Реал Мадрид со цел да ја започне смената на генерации во редовите на „белите“, а како што пренесуваат шпанските медиуми, италијанскиот стратег веќе доставил список на посакувани играчи на кој е и соиграчот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, Калвин Филипс.

25-Годишникот блесна претходната сезона во редовите на Лидс, а одличната форма ја продолжи и во репрезентативниот дрес каде на Европското првенство против Хрватска беше асистент за единствениот гол на мечот. Во Филипс, Анчелоти гледа наследник на Модриќ во средниот ред, а предност и е неговото залагање во одбраната.

Покрај ѕвездата на Лидс, Италијанецот ќе се осврне и во неговата татковина каде во преден план се Мануел Локатели од Сасуоло и Никола Барела од Интер. Локатели е на списокот на желби и на Јувентус и ПСЖ па „кралскиот клуб“ ќе мора да понуди сериозна сума на пари за овој трансфер во оглед на конкуренцијата.

Се вчитува...