Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски со трофеј ја заврши сезоната во Турција.
Алиоски синоќа со Фенербахче се израдува на трофејот во Купот на Турција по триумфот на неговиот тим од 2-0 во финалето против Башакшехир.
Стелец на двата гола беше Батшуаји кој ја тресеше мрежата во 1. и 29. минута. Македонскиот фудбалер не доби шанса за настап во синоќешното финале.
Алиоски денеска, по освоената титула во Купот, се приклучува на подготовките на македонската репрезентација за двата јунски квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина (16. јуни во Скопје) и против Англија (19. јуни во Манчестер).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА