Џеферсон – Вуден е најбрза жена на планетата

Мелиса Џеферсон – Вуден е новата светска шампионка на 100 метри откако Американката во голем стил триумфираше на денешното финале во Токио.

Таа успеа да ја мине најкратката делница на шампионатот со време од 10,61 секунди, што воедно е и нов рекорд на светските шампионати.

Тиа Клејтон од Јамајка го освои среброто со своето најдобро време во кариерата од 10,76 секунди, додека олимписката шампионка од Парууз, Џулијен Алфред, овојпат мораше да се задоволи само со третото месо со време од 10,84 секунди.

Се вчитува...