Џеј-Ло и Шакира ќе го запалат Мајами на полувреме на „Супербоул 54“ (ФОТО)

Џенифер Лопез и Шакира ќе бидат ѕвездите кои ќе настапат на полувреме на 54. Супербоул кој во февруари следната година ќе се одржи на „Хард-рок“ стадионот во Мајами.

Информацијата ја потврди и комесарот на НФЛ лигата, Роџер Гудел. Покрај атрактивноста на двете пејачки, една од причините поради кои се одбрани да настапат на полувреме е и таа што поголемиот дел од нивните песни, покрај на англиски издадени се и на шпански јазик, а 65 отсто од населението во округот во Мајами во кој се наоѓа стадионот се Латиноамериканци.

Како најдобри настапи на полувреме во историјата на Супербоул натпреварите се тие на Мајкл Џексон на „Супербоул 27“ во 1993 година, Принс „Супербоул 47“ во 2007 година и Лејди Гага на „Супербоул 51“ во 2017 година.

 

 

View this post on Instagram

 

Going to set the world on ??? @shakira #PepsiHalftime #SuperBowlLIV @pepsi

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Се вчитува...