Англискиот фудбалер Џејдон Санчо во зимскиот преоден рок го напушти Манчестер јунајтед и замина на позајмица во Борусија Дортмунд, а, според германски „Билд“, тој не сака да се врати во англискиот гигант на крајот од актуелната сезона.
Санчо оваа сезона забележа само три настапи за Јунајтед и тоа по околу 30 минути, додека за клубот од Дортмунд одигра девет натпревари и постигна еден гол со две асистенции. Со оглед на тоа што Борусија нема право да го откупи неговиот договор во јуни, тој би морал да се врати во Јунајтед.
Сепак, „Билд“ тврди дека Санчо не го сака тоа и би сакал да најде друга опција на лето. Тен Хаг не го сака во тимот, но проблем е што договорот на Санчо со Јунајтед е со важност до летото 2026 година, а неговата неделна плата е речиси 300.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА