Борусија Дортмунд будно ја следи ситуацијата со англискиот фудбалер Џејдон Санчо. За Санчо нема место во тимот на Манчестер Јунајтед, Челси не го откупи, а сега во редот повторно чекаат „милионерите“.
Англичанецот беше многу блиску до преселба во Јувентус, но тој трансфер пропадна, па сега и самиот Санчо се врти кон можноста да се врати на „Вестфален“.
Според последните информации, Санчо се согласил дури двојно да ја намали неговатата плата (од 15 милиони на осум), само да го оствари овој трансфер, и да стане дел од „жолто-црните“ каде ги доживеа најблескавите мигови во својата кариера.
Ова би било третпат Санчо да стане дел од Борусија Дортмунд. Во првиот „мандат“ играше од 2017 до 2021 година, а потоа замина во Манчестер во трансфер вреден 85 милиони евра. Но, ни одблиску не беше оној Санчо од Бундеслигата. Следуваше враќњае во Дортмунд во 2024 година, и тоа се покажа како вистински потег, затоа што со тимот играше во финалето во Лигата на шампионите.
Англичанецот потоа беше позајмен во Челси минатата сеозна, каде на 31 настап постигна три гола. Но, иако Челси имаше задолжителен откуп, сепак, се реши да го врати на Манчестер, и притоа да му плати пет милиони казна за тоа што не го откупи договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

