Џејдон Санчо за првпат на ова ЕП ќе биде во стартниот состав

Џејдон Санчо, кој веќе го сметаат за играч на Манчестер Јунајтед, ќе започне за прв паткако стартер за Англија на Евро 2020.

Ова ќе се случи на денешната четвртфинална пресметка со Украина, според медиумите на островот. Талентираниот крилен напаѓач ќе го замени Букајо Сака во почетниот состав, кој го пропушта мечот поради повреда што ја доби на еден од последните тренинзи на Англија. Досега, Санчо имаше само еден настап како резерва на првите четири натпревари на Англија на Евро 2020.

Селекторот Герет Саутгејт ќе направи уште една промена во својот почетен состав. Мејсон Маунт ќе се врати во него откако го пропушти мечот со Германија, бидејќи една недела пред тоа мораше да биде во самоизолација. Играчот за врска на Челзи ќе стартува на сметка на Киран Трипиер. Саутгејт ќе се врати во шемата со четворица дефанзивци, откако играше со формација со тројца централни дефанзивци на мечот со Германија.

Англија прими само еден гол на последните осум натпревари на кои играа на овој начин. Кајл Вокер, кој делуваше како централен дефанзивец на мечот со Германија ќе се врати на вообичаената позиција како десен бек. Како централните дефанзивци повторно ќе бидат Хари Мегваер и Џон Стоунс. Лево од одбраната, Лук Шоу го задржува своето место.

Деклан Рајс, Калвин Филипс, Рахим Стирлинг и Хари Кејн исто така ги задржуваат своите позиции во стартниот состав.

Очекуван стартен состав на Англија (4-2-3-1): Пикфорд, Вокер, Стоунс, Мегваер, Шоу, Рајс, Филипс, Санчо, Маунт, Стирлинг и Кејн.

Се вчитува...