Манчестер Јунајтед одлучи дека повеќе за Џејдон Санчо нема место во тимот, откриваат англиските медиуми. Со тоа репрезентативецот на Англија е достапен на трансфер маркетот, а веќе е утврдена и цената за негов премин во нов клуб.
Истата изнесува 40 милиони евра со што „црвените ѓаволи“ ќе надоместат само дел од сумата од 73 милиони евра која беше издвоена за негов ангажман во 2021 година.
Санчо вториот дел од сезоната 2023/24 ја помина на позајмица во Борусија Дортмунд откако се скара со тренерот Ерик тен Хаг. Очекувањата се дека ќе остане дел од „милионерите“ и во иднина со оглед на тоа што и самиот сака да остане во Германија, а и германскиот тим сака да го задржи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА