Џејкоб Вајли ја продолжува кариерата во литвански Ритас Вилнус!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли ја продолжува својата кариера во литванскиот вицешампион Ритас Вилнус.

30-годишниот Вајли, според информациите од Литванија, веќе се договорил со Ритас Вилнус за меѓусебна соработка во следната сезона.

Вајли зад себе остава успешна сезона во дресот на шпанска Гранада каде во просек бележеше 8,3 поени и 3,8 скока по натпревар.

Претходно во кариерата Вајли беше дел и од грчки Панатинаикос, шпанска Гран Канарија и црногорски Будуќност, а во сезоната 2017/18 беше дел и од Бруклин нетс во НБА лигата.

Се вчитува...