Џејлел Смит е нов кошаркар на Партизан

Во моментите кога Партизан доживеа вистинска катастрофа на гостувањето во Задар (84-68) во АБА лигата, кошаркарскиот гигант од Белград донесе ново засилување.

Се работи за Американецот Џејлел Смит кој игра на позиција плејмејкер и ќе треба да донесе иновативност во таборот на „црно-белите“ во следните предизвици во сезоната.

Дваесет и девет годишниот Смит е хрватски репрезентативец, а пред да дојде во клубот од Болоња годинава со голем успех го носеше дресот на Алба Берлин. Пред да ги договори последните детали од договорот со Партизан, Американецот мораше да ја напушти агенцијата „Беобаскет“ со која црно-белите ја прекинаа соработката по заминувањето на Јам Мадар.

 

Се вчитува...