Џејлен Браун ќе биде подготвен за новата сезона во НБА

Кошаркарот на Бостон Селтикс Џејлен Браун беше подложен на артроскопска операција на десното колено.

Селтикс очекуваат крилото целосно да се опорави пред почетокот на тренинг кампот – односно тимските подготовки за стартот на следната сезона.

Браун имаше болки од крајот на регуларниот дел од сезоната. Потоа пропушти неколку натпревари, а играше на сите натпревари во плеј-офот.

По подетални прегледи беше одлучено дека најдобро решение за Браун ќе биде операција. Првичната дијагноза е делумно кинење на менискусот.

Селтикс го завршија плејофот со елиминација во второто коло од плејофот на Истокот од Њујорк Никс.

Се вчитува...