Кошаркарскиот клуб Партизан му се заблагодари на уште играч кој претходната сезона ги бранеше „црно-белите“ бои. Станува збор за американскиот бек со хрватски пасош Џејлен Смит на кој белграѓани му посакаа среќа во продолжението од кариерата.
Смит беше принудно засилување на Партизан откако српскиот клуб не успеа да најде адекватна замена за Јам Мадар и Данте Егзум, а на почетокот на престојот во Белград и ретко кога добиваше шанса. Сепак тој успеа да се наметне кај тренерот Жељко Обрадовиќ во самата завршница на сезоната и постоеше можност да продолжување на соработката до која сепак нема да дојде.
Следната дестинација за овој 29-годишник ќе биде турското првенство и Бахчешехир каде ќе биде предводен од поранешниот тренер на Црвена Звезда, Дејан Радоњиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА